Видео: Фифи е дискриминиран/а

Во телевизиското интервју за Нова ТВ, Фифи, која е финалист во Х фактор Адриа, отворено проговори за сите проблеми со кои се соочува како трансродна личност. Таа зборува за насилството со кое се соочува од луѓето кои не можат да го разберат и го гледаат како да им убил некого. Дури и некои секти се заканувале дека ќе му ја изгорат душата.„Дискриминацијата е нешто кое јас не можам да го разберам. Да ја оставиме на страна тоа што јас сум трансродна личност. Средината ме прифаќа,одредени луѓе на мене гледаат како нешто страшно,не можат да сфатат или бегаат,страв им е да седнат до мене во автобус,страв им е да ми се доближат,да прават муабет со мене. Имаше ситуација во која требаше да одам да работам на брод и бев одбиена баш поради тоа што сум трансродна личност,дури дојдов до тој степен да морам да се облечам како машко,да пуштам брада,да ја скратам косата и пак поради моето феминизирано однесување да бидам одбиена. Значи сепак постои дискриминација!“-изјави Фифи за Нова ТВ.
Интервјуто го направи Борјан Јовановски, а можете да го погледнете во продолжение:

„Дискриминацијата е нешто кое јас не можам да го разберам. Да ја оставиме на страна тоа што јас сум трансродна личност. Средината ме прифаќа,

Пронајдете не на следниве мрежи: