Видео: Германија води против Бразил со 5 разлика на полувреме!

Германија приреди невидено фудбалско чудо и со 5 гола за само 29 минути го декласира домаќинот Бразил по првото полувреме во првото полуфинале од мундијалот.Популарниот „Маншафт“ диктираше опасно темпо и го декласира домаќинот во Бело Хоризонте во половинја час што ќе останата засекогаш во аналите на модерниот фудбал.
Милер, Клосе, на двапати Крос и Кедира ја наполнија до врв мрежата на Цезар и на Бразил и им приредија невиден шок на домашните навивачи во Бело Хоризонте. Вакво полуфинале со предност на една репрезентација од 5-0 по само 45 минути игра е досега незабележано, а особено ако се знае дека репрезентацијата што ги прими петте гола е Бразил, најтрофејната фудбалска нација со 5 светски титули.
За дополнителна радост и еуфорија во Германија и за сите симпатизери на трикратниот светски првак се погрижи и Мирослав Клосе со погодок во 23. минута. Ветеранот кој има 36 години со тој гол е најдобар стрелец на мундијалите на сите времиња.
Очигледно е дека Германците го започнаа борбено натпреварот.
Публиката која навива за Бразил со солзи во очите го следи натпреварот.
Што мислите каков ќе биде крајот?
Популарниот „Маншафт“ диктираше опасно темпо и го декласира домаќинот во Бело Хоризонте во половинја час што ќе останата засекогаш во а

Пронајдете не на следниве мрежи: