Видео: И Ибра промашува „Зицери“

Вчера беа одиграни првите натпревари од 20-тото коло од Француската Прва Фудбалска Лига, и двете завршија без победник, во една од нив, ПСЖ дома одигра само 0-0 против Ајачио.
Прекината е победничката серија на екипата на Париз Сент Жермен. Имено, во последните шест натпревари (четири во домашното првенство и две во Купот) играчите на Карло Анчелоти славеа, но во оваа прилика не знаеја да го пронајдат патот до противничката мрежа. Златан Ибрахимовиќ промаши неколку изгледни шанси, а меѓу нив и два зицери кога сам излезе пред голманот на гостите.
Резултати, 20-то коло.
ПСЖ – Ајачио 0-0
Сент Етјен – Тулуз 2-2 (Перин 25, Моло 62 / Дидот 28, Ауриер 43)
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Вчера беа одиграни првите натпревари од 20-тото коло од Француската Прва Фудбалска Лига, и двете завршија без победник

Пронајдете не на следниве мрежи: