Видео: Како Ставрески ја замолкна Шеќеринска?

Loading...

Зоран Ставрески, на расправата за Буџетот, ги поби тврдењата на Радмила Шеќеринска од СДСМ.„Никој не се нафаќа да го каже она што вие го тврдите. Не можат да кажат дека Македонија е високо задолжена земја само затоа што Радмила Шеќеринска вика дека земјава е високо задолжена. Не можат да речат дека Македонија е блиску до грчко сценарио затоа што Радмила Шеќеринска вика така. Денес гледам ретерирате малку, па не го повторувате тоа, малку се стишивте кога ги видовте аргументите и бројките. Во ред е да се преиспитате малку, но внимавајте кога ги кажувате работите. Нема ниту еден човек од ММФ, од Светска банка, од било каде, што би го потврдил тоа што вие го кажувате. Вие сте талентиран оратор, ама не сте за економија. Кога станува збор за економија, треба да сте прецизни“, истакна Ставрески.
Тој обракајќи се до Шеќеринска и посочи дека не може таа да зборува кој има, а кој нема интегритет и дека народот е оној кој одлучува кој треба да има интегритет.
„Госпоѓо Шеќеринска што ви кажа народот вас? Ви кажа дека имате интегритет? Ви верува народот?Ако имате човек и партија што има интегритет, народот му верува. Или може ќе продолжите да ја правите анализата која ја правевте за миграција, па ќе излезе дека сите кои мигрирале од Македонија биле од СДСМ, па затоа постојано ви се намалува членството и оние кои гласаат за вас“, порача Ставрески.
Министерот за финансии и посочи дека народот е судијата и кажува кој има црвен картон и кој продолжува понатаму да игра.
„Јас секогаш ќе останам скромен во проценките за она што сме го направиле. Бидејќи навистина има уште многу што треба да се направи. Уште многу граѓани живеат тешко, ние тоа го знаеме. Во право сте кога велите дека треба да се задржат граѓаните во земјава и што помалку да се иселуваат. Тоа е политика што ние ја водиме со години. Вие теоретски го кажувате, а кога имавте можност да ја водите политиката, не направивте ништо за граѓаните да останат во земјава. Тие ќе останат ако има економска перспектива. Како се прави економска перспектива? Ако се градат фабрики, ако има инвестиции, ако има работни места. Ние тоа го правиме, госпоѓо Шеќеринска“, рече тој.
Остатокот од неговото обраќање поогледнете го на видеото на следната страна. 

 
„Никој не се нафаќа да го каже она што вие го тврдите. Не можат да кажат дека Македонија е високо задолжена земја само затоа што Радмила Шеќе

loading...
Loading...