Видео: Коки во „Еден на еден“:Дуле беше носен кај најдобрите лекари, но не сакаше да го остави алкохолот

Славното дуп кое ги обележа изминативе две декади на многу генерации македонци во периодот на најголема слава поминувало исклучително тешки периоди со цел да одговори на барањата на публиката.Николчо Јанков или многу попознат како Коки, во најновата емисија Еден на Еден, речиси два месеци по смрта на Дуле отворено зборува дека алкохолот и пеколното темпо биле главна причина за распадот на дуото и смртта на Дуле.
“Свиревме на четири места во една вечер, почнувајќи од 20 часот до 6 наутро. Телото бараше одмор и темпото беше пеколно. Дуле и покрај тоа што беше носен кај најдобрите лекари дома и во странство не сакаше да го остави алкохолот. Беше исклучително паметен и интелигентен човек, но и многу горделив. Не сакаше да се зборува за неговиот проблем” – рече Коки.
Ваквата ситуација го натерала да заврти нов лист и комплетно да го промени животот во 2007 година, кога почнува после секоја свирка да заминува дома. Дуле за жал, не го следи во чекор и продолжил со истиот стил на живеење кој на крајот се покажа како преголем залак за неговиот организам. Блиските го загубија Дуле, а Македонија го загуби еден од вистинските мајстори на живата свирка и најпрепознатливите гласови на музичката сцена.

За сите овие работи од минатото и за она што Коки денеска го работи, погледнете ја најновата Еден на Еден, премиерно емитувана во недела.
Николчо Јанков или многу попознат како Коки, во најновата емисија Еден на Еден, речиси два месеци по смрта на Дуле отворено зборува дека алкохолот

Пронајдете не на следниве мрежи: