Видео: Маца Дискреција се расплака кога виде што зборува Дара Бубамара за неа

Продукцијата реши на натпреварувачите во куќата да им покаже видео записи од надворешниот свет и како јавните личности го коментираат реалното шоу „Парови“ и успеаја да ја расплачат Маца Дискреција.Имено, Маца пред реалното шоу снимала видео клипови во кои игра на песната од Дара Бубамара „Porše Karera“, која секојдневно ја пее во куќата и на некој начин стана нејзин заштитен знак, па ја допре изјавата на пејачката.
– Тоа е…ужас. Бора Дрљача седи, а одеднаш Маца Дискреција која ја познавам од Јутјуб, девојка која е презгодна е хит! Зошто е хит? Не можам да верувам дека таа никого не ферма, луѓето седат, а таа гола меша. Маца Дискреција е кралица. Таа за мене е победник – рече Дара.
Маца не можеше да се воздржи кога го изгледа видеото, па се расплака.
– Не можам да верувам. Oва се солзи радосници! Јас играв на нејзините песни и снимав клипови…Така почнав, а сега таа ме фали… – рече Маца, која до сега секогаш емотивно ги примаше сите комплименти од познатите личности. 

Имено, Маца пред реалното шоу снимала видео клипови во кои игра на песната од Дара Бубамара „Porše Karera“, која секојдневно ја

Пронајдете не на следниве мрежи: