Енеса Нуркиќ, мајка на босанската пејачка и старлета Маца Дискреција, си ја отвори душата пред камерата на Happy телевизија и раскажа некои непознати детали од нејзиниот живот.- Таа од секогаш посакуваше да стане „некој“, од мали нозе се занимаваше со манекенство, пеење. Учествуваше во детски емисии, добиваше награди – вели мајката на Маца, која се изненадила кога разбрала дека многу од луѓето ја подржуваат нејзината ќерка, за постапки кои таа мислела дека ќе ја осудуваат.
За таткото на Маца, Енесе изјави:
– Знаеме дека е жив, но мислам дека сега е во Италија. Ние пред 5 години го побаравме мојот девер, за да побараме Сенада да стапи во контакт со својот татко. Сакаше само да го запознае, ништо друго не сакаше од него. Им оставивме број на телефон, но никој не ни се јави. Таа е вонбрачно дете – вели Ениса за емисијата „Гламур“.
Мајката на Маца истакна дека работи како келнерка, но дека никогаш не сакала да ја посрамотува, па затоа не барала работа во Тузла.
– Не сакав да ја срамам, никогаш не работев во местото каде живееме. Знаете како сите гледаат на келнерките. Така и го запознав таткото на Сенада. Тој тогаш имаше 4 – годишно дете и според неговото кажување беше пред развод. Кога му кажав дека сум бремена, бараше да се исчистам и ми даваше пари за тоа. Реков дека нема тоа да го направам и дека не барам да ме ожени – вели Енеса која одлучила да го задржи детето, по цена и да биде самохрана мајка.
– Таа од секогаш посакуваше да стане „некој“, од мали нозе се занимаваше со манекенство, пеење. Учествуваше во детски емисии, добиваше
Пронајдете не на следниве мрежи:



