Македонецот што го освои светот со својот дизајн, Огнен Трпески во студиото Сустаин Ентертејмент на Даниел Јовески сними песна на англиски јазик која го носи насловот „One love“.„One love“ е авторско дело на Даниел Јовески кои се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на самиот Огнен Трпески – Оги. Видео записот е во амерички стил со едноставна приказна во која се остава да превладаат емоциите на Огнен. Песната веќе е дистрибуирана на повеќе од 1000 радиостаници низ Америка.
Огнен Трпески е првиот Македонец кој со свој дизајн победил на национален натпревар за дизајн во Америка. Дизајни со неговиот потпис има насекаде низ Америка, тој успеа да победи на најголемите натпревари и своите дела да ги пласира во најголемите трговски центри и маркети. Неговиот најголем успех во дизајнот е токму Кампањата против глад која се одржува на глобално ниво, а е организирана од најголемите маркети во Америка.
Во својата музичка кариера Огнен досега има снимено еден студиски албум на македонски јазик во кој има и дует со Андреј од ДНК. Неговата следна цел е да сними студиски албум на англиски јазик со цел својата музика да ја претстави пред светот.„One love“ е авторско дело на Даниел Јовески кои се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на самиот Огнен Трпески – Оги. В



