Видео: Мартино го доведува Верњи во Барселона

Новиот тренер на екипата на Барселона, Тата Мартино, би можел да го доведе во каталонскиот тим, дефанзивецот на Њуелс Олд Бојс, Сантијаго Верњи, пренесува „Марка“.„Верњи е роден за да биде дел од екипата на Барселона“ изјави Тата Мартино.
Инаку, и двајцата одлично се познаваат, имаа одлични успеси и многу добра соработка во Њуелс Олд Бојс, токму дефанзивецот Верњи беше еден од најзаслужните за освојување на титулата во 2013-тата година на овој тим.
24-годишниот дефанзивец на аргентинскиот тим Њуелс Олд Бојс, има еден настап за аргентинската селекција, претходно бил член на парагвајска Олимпија (овогодинешниот финалист во Копа Либертадорес) каде забележал 18 настапи притоа постигнувајќи еден погодок, а веднаш по таа сезона се префрлил во италијанска Верона на позајмица, каде имал 16 настапи и 1 постигнат погодок. Префрлајќи се во Њуелс Олд Бојс, аргентинецот ги бележи своите најголеми успеси на клубски план, каде забележува 78 настапи и 4 погодоци за овој тим.„Верњи е роден за да биде дел од екипата на Барселона“ изјави Тата Мартино.

Пронајдете не на следниве мрежи: