Мејк ап артистот Даниел Николовски вчера ја престави првата епизода од неговиот нов авторски проект „Научи сам да се шминкаш“. Во видеото кое е поставено на неговиот официјален канал на „YouTube“ може да погледнете колку девојката која е всушност и прва победничка во овој избор, сама научи да се шминка во неколку чекори.
– Пред се ми е многу драго што овој проект предизвика одлични реакции на мојот фејсбук профил кога го ставив само како предлог. Водејќи се од оригиналната идеја и големиот интерес, одлучив овој проект кој е прв кај нас, но и пошироко, да го реализирам со креативната организација „Cool People“ од која сум дел и јас самиот. Се надевам дека овој проект ќе добие уште многу продолженија, бидејќи за мене е едно од моите најголеми достигнувања. Сакам да трае долго, ни изјави Даниел.
Доколку и вие сакате да бидете дел од овој проект, потребно е да се пријавите на Фејсбук профилот на Даниел и понатака да ги следите неговите инструкции. Еднаш месечно ќе имаме можност да учиме дел од вештините на шминкање на еден од нашите подобри мејк ап артисти.Во видеото кое е поставено на неговиот официјален канал на „YouTube“ може да погледнете колку девојката која е всушност и прва победнич
Пронајдете не на следниве мрежи:



