Видео: На 25 јануари ќе се промовира спот на Тоше за песната „Жао ми је“

Спотот за темата „Жао ми је“ на македонската музичка легенда Тоше Проески ќе се промовира на 25 јануари, на денот на неговото раѓање. Во видеозаписот, кој се снимаше во филмскиот град „Бојана“ во Софија, е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а во него Проески се појавува во облека од античко време. Првите кадри од спотот се снимени во еден белградски клуб.
– Повеќепати нагласив дека Тоше остави големо музичко наследство. Фондацијата, која се грижи за неговото дело и лик, има своја агенда со повеќе активности планирани за секоја година и овој пат одлучивме пред публиката да го претставиме спотот за темата „Жао ми је“ – вели Славен Ристески.
– Публиката ќе има можност да го види легендарниот пејач, стилски, во едно сосема друго издание. Тој е лик од античко време. Спотот е снимен на хром, а сега го доработуваме во нашето студио – велат од „Аворд продукција“.
Автори на композицијата „Жао ми је“ се Миро Булјан и Антонија Шола. Песната е на албумот „Пратим те“, кој се појави во 2005 година во земјите на поранешна Југославија.
Kлипот ќе биде претставен во јавноста на промоцијата на книгата „Ова не е крај“, илустрирана биографија за Тоше Проески. Главен и одговорен уредник на проектот е Славен Ристески. Тој го направи и изборот на фотографиите.
Во спотот се појавува и Сара Леши, поранешната мис на Македонија, која сега живее во Америка. Леши се сеќава на Тоше како на човек со исклучителна енергија.
– Беше толку природен, постојано насмеан и отворен за комуникација. Со секого правеше муабет и воопшто немаше комплекс на ѕвезда. Во тоа всушност беше и неговата големина. Снимањето на спотот ќе ми остане како незаборавно искуство – изјави таа во едно од своите интервјуа.

Во видеозаписот, кој се снимаше во филмскиот град „Бојана“ во Софија, е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а во него Проески с

Пронајдете не на следниве мрежи: