Видео: Нивес Целзиус и ТС Петрица, во сензационален видео запис

Нивес Целзиус и ТС Петрица, во сензационален видео записНајголемата овогодишна летна сензација доби свое видео издание. Нивес Целзиус и тамбурашкиот состав Петрица, го објавија својот нов заеднички видео спот за песната „Каранфили“ со кои оваа сабота настапува на СМС фестивалот во Водици. Веселата и ведра песна со впечатлив рефрен веќе ги доби бројните обожаватели во радијскиот етер на целиот Балкан, а тоа е како што вели Нивес, дополнителна причина на фестивалот сите заедно да се потрудат,
– Веќе цели две недели ја вежбаме кореографијата со етно танчери од Стар Дуд, селско место на 50-тина километри оддалечено од Загреб.  Секоја проба ни е ново доживување и убедена сум и ветувам дека на публиката ќе и приредиме еден досега невиден спектакл. Тамбурашите се прекрасни и сега ми е жал што и претходно не соработувавме бидејќи таква енергија одамна не сум почувствувала. Свират божествено. Настапот на СМС фестивалот е мој нов неизбежен почеток бидејќи одлучив максимално да му се посветам на пеењето и настапите во годината која доаѓа.
Погледнете го видеото:
Најголемата овогодишна летна сензација доби свое видео издание. Нивес Целзиус и тамбурашкиот состав Петрица, го објавија својот нов заеднички видео

Пронајдете не на следниве мрежи: