Видео од полициската аксија во која беа апсени професорите

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од 2014 година во координација со Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по претходно добиени криминалистичко разузнавачки информации и пријави од оштетени граѓани-студенти, отпочна со криминалистичко истражување на коруптивни кривични дела, сторени од страна на универзитетски професори од „Економскиот факултет“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје на начин што директно или индиректно преку посредници, барале и примале поткуп со цел студентите да ги положат испитите по предметите кои ги предавале професорите.Од страна на МВР, до ОЈО поднесена е кривична пријава против осум лица на возраст од 29 до 65 години, од кои шестмина професори на „Економски факултет“ Скопје, еден демонстратор и сопственик на правен субјект „БОБ ДЕН Кетеринг“ со подружница ресистрирана со седиште „Економски факултет“ Скопје. Тие се товарат дека сториле повеќе коруптивни дела како „примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „давање поткуп“.
Според досега документираните сознанија, пријавените во текот на 2015 и 2016 година заради стекнување на противправна имотна корист ја искористиле својата службена положба на начин што од студенти на „Економскиот факултет“ Скопје, директно или индиректно барале парични средства за да во рамките на своите службени овластувања извршат дејствија што не би смееле да ги извршат, односно да им овозможуват на истите да се стекнат со преодна оцена по предметите кои тие ги предаваат, без притоа студентите да покажат соодветно знаење.
Станува збор за следниве премети од студиите на Економскиот факултет – Скопје, за кои имаме документирани сознанија дека во одредени случаи биле впишувани оценки на начинот кој веќе го опишавме:  „Основи на економија“ и „Основи на сметководството“, „Математика за економисти“, „Статистика за бизнис и економија“, „Економика на претпријатија“ и предметот  „Менаџмент на мали бизниси“.
Од страна на МВР, до ОЈО поднесена е кривична пријава против осум лица на возраст од 29 до 65 години, од кои шестмина професори на „Економски

Пронајдете не на следниве мрежи: