ВИДЕО од проруските сили: „Ги најдовме црните кутии, но ќе им ги дадеме само на странските набљудувачи“

Деловите кои личат на снимачи на податоци се под мој личен надзор, изјави Александар Бородај.Премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Александар Бородај, изјави дека силите на самоодбраната пронашле предмети кои личат на делови од црна кутија, јавува Раша Тудеј.
„На местото на паднатиот авион пронајдени се делови кои личат на црна кутија. Сега се во Доњецк, во седиштето на владата на Народната Република Доњецк, под мој личен надзор“, рече Бородај.
Силите на самоодбраната се подготвени да им ги предадат на меѓународните набљудувачи „ако воопшто се одлучат да дојдат“, вели тој.
Бородај изјави дека пронајдените делови „нема да им се предадат“ на претставниците на Киев, бидејќи тие би можеле да ги „оштетат или фалсификуваат“.Премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Александар Бородај, изјави дека силите на самоодбраната пронашле предмети кои личат на дело

Пронајдете не на следниве мрежи: