четврток, 26 ноември 2026
Најново

Видео: Орел украде камера и си го снимаше летот до карпите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден морски орел ја зграпчил камерата поставена да сними крокодили во северозападна Австралија и направил фасцинантна снимка од својот лет долг 110 километри.Во западниот дел на Австралија ренџерите забележале интересна случка поврзана со орел кој ја зграпчил камерата поставена на брегот покрај реката Маргарет.
Ренџерите ја поставиле камерата со надеж дека ќе направат добри снимки од секојдневниот живот на крокодилите што живеат во реката.
Но, наместо тоа ги чекало изненадување. Малечката камера исчезнала, а ренџерите мислеле дека е изгубена во водата.
Но, на оддалеченост од 100 километри тие ја пронашле и кога ја прегледале видео снимката, откриле дека всушност камерата била украдена од орел, пренесува австралиската телевизија ABC.
Погледнете!

Во западниот дел на Австралија ренџерите забележале интересна случка поврзана со орел кој ја зграпчил камерата поставена на брегот покрај рек

Поврзани вести