Видео: Откриен е идентитетот на таинствениот натпреварувач кој се пошегува со жирито на X-Factor!

Познатиот рокер реши на своите колеги да им даде тешка задача да го оценуваат неговото пеење без предрасуди и знаење кој се крие зад маската.Деновиве во медиумите се појави фотографијата на маскиран натпреварувач кој успеа да ја исплаши водителката, а потоа и да го шокира жирито.
Натпреварувачот кој на себе носел црна виткана перика, со креч бел тен, силно црвен кармин и одело со јапонски мотиви е всушност докторот за рокенрол, познатиот Милиќ Вукашиновиќ.
Иако тој е познат, сепак решил на колегите да им даде тешка задача – да го оценат неговото пеење без предрасуди и знаење кој се крие зад маската.

Како што неофицијално се дознава, Милиќ се пријавил самоиницијативно под псевдоним, па никој од продукцијата не знаел кој е натпреварувачот под маска.
Вукашиновиќ пошироката македонска јавност го запозна подобро од последното издание на реалното шоу „ВИП Големиот Брат“.
Тој ја пел својата нова авторска песна, а како Кики, Кристина, Жељко и Емина реагираа на неговата појава и какви биле реакциите на неговото пеење, ќе дознаеме денеска, кога ќе биде прикажана четвртата епизода од регионалниот „X-Factor Adria“.

Деновиве во медиумите се појави фотографијата на маскиран натпреварувач кој успеа да ја исплаши водителката, а потоа и да го шокира жирито.

Пронајдете не на следниве мрежи: