Видео: Ова се најфасцинантните урнатини под вода

Во светот постојат многу антички, па и помодерни градби кои денес се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните. Нурнете со нас во подводниот свет и истражете ги овие чуда на античкиот свет од кои здивот запира.Баиа, Италија
Баиа била туристичка атракција крај Неаполскиот Залив. Претставувала еден антички „Лас Вегас“ за тогашните стари Римјани Грци, Египќани и други народи. Баиа бил познат и по своите лековити извори. При крајот на 15тиот и почетокот на 16тиот век Баиа бил сосем напуштен, а подоцна поради вулканските активности нивото на водата пораснало и градот бил потопен.

 
Атлит Џам, Источно Средоземно Море
Урнатините на овој антички град датираат од 6 900тата до 6 300тата година пред нашата ера. Се верува дека бил напуштен откако бил погоден од цунами, на кое му претходела вулканска ерупција.

 
Хераклион
Се до 2000тата година хераклион бил само легенда од приказни, додека не го открил еден француски археолог. Градот е стар речиси 2 300 години и бил едно од најголемите пристаништа во античкиот свет. Научниците се уште не знаат како е потопен.

 
Порт Ројал, Јамајка
Го основале пиратите, и бил главен град на Јамајка од 1660 до 1692 година, кога и е потопен во еден голем земјотрес. Градот имал лоша репутација, па многумина дури и се радувале кога бил потопен.

 
Палатата на Клеопатра, Египет
Во водите крај Александрија се наоѓа потопената палата на Клеопатра. Научниците веруваат дека палатата е потопена пред 1 600 години во серија земјотреси и цунами бранови. Египетската влада планира на оваа локација да направи подводен музеј.
Баиа, Италија
Баиа била туристичка атракција крај Неаполскиот Залив. Претставувала еден антички „Лас Вегас“ за

Пронајдете не на следниве мрежи: