ВИДЕО: Пандев и Галатасарај „прегазени“ во Лондон!

Фудбалерите на Арсенал ја остварија најубедливата победа во второто коло од Лигата на шампионите откако на домашен терен со 4:1 славеа против турскиот Галатасарај.Дуелот на „Емирати“ го одбележа напаѓачот Дани Велбек кој постигна хет-трик и најави дека ќе биде големо засилување за Арсенал.
„Топџиите“ уште од првата минута тргнаа офанзивно, а таквата игра вроди со плод веќе во 22-та минута кога на асистенција на Санчез, Велбек го постигна својот прв гол на мечот.
Осум минути подоцна веќе беше 2:0, а стрелец на голот повторно беше поранешниот играч на Манчестер Јунајтед. Феноменалното прво полувреме го комплетираше Алексис Санчез во 41-та минута за 3:0 во корист на домашниот тим.
Како што почна првото, така почна и второто полувреме. Во 52-та минута Дени Велбек запиша хет-трик на асистенција на Чемберлејн.
Во 60-тата минута Војчех Шчесни заработи директен црвен картон поради прекршокот во сопствениот шеснаесетник, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Бурак Јилмаз.
Македонскиот интернационалец овој натпревар го започна од првата минута и играше до 68-та кога на негово место велез Брума.
Лига на шампиони, 2.коло (среда)
Група А:
Атлетико Мадрид – Јувентус 1:0
/Туран 75/
Малме – Олимпијакос 2:0
/Розенберг 42, 82/
Табела: Јувентус 3, Атлетико Мадрид 3, Малме 3, Олимпијакос 3
Група Б:
Базел – Ливерпул 1:0
/Штрелер 51/
Лудогорец – Реал Мадрид 1:2
/Марселињо 6 – Роналдо 24, Бензема 77/
Табела: Реал Мадрид 6, Ливерпул 3, Базел 3, Лудогорец 0
Група Ц:
Зенит – Монако 0:0
Баер Леверкузен – Бенфика 3:1
/Кислинг 25, Сон Хјонг-Мин 41, Кахјанолу 63 – Салвио 62/
Табела: Зенит 4, Монако 4, Баер 4, Бенфика 0
Група Д:
Арсенал – Галатасарај 4:1
/Велбек 22, 30, 52, Санчез 41 – Јилмаз 63 (п)/
Андерлехт – Борусија Дортмунд 0:3
/Имобиле 3, Рамос 69, 79/
Табела: Борусија 6, Арсенал 3, Галатасарај 1, Андерлехт 1
 Дуелот на „Емирати“ го одбележа напаѓачот Дани Велбек кој постигна хет-трик и најави дека ќе биде големо засилување за Арсенал.

Пронајдете не на следниве мрежи: