Роби Вилијамс вчера по втор пат стана татко, овој пат доби син! Познатиот пејач ги помиал сите 14 часа од породувањето покрај сопругата Аида Филд, а целиот процес го документирал на социјалните мрежи. Бебето се уште нема име.Роби им се заблагодарил на фановите кои го следеле внимателно породувањето на неговиот профил. Овој 40-годишен пејач се ожени со Аида во 2010 година и веќе ја имаат 2-годишната Теодора. Аида сакала да се породи во Лос Анџелес, иако последната година дена ја поминале во Лондон.
За да и го олесни породувањето, Роби ја забавувал така што и пеел песни се сликал со нејзе и снимал како играат.
„Некогаш мојот живот се состоеше од храна, секс, дрога, телевизија, интернет и пушење. Сега се се врти околу мојата ќерка. Влегов во друга, посреќна фаза од животот, бидејќи сега сум оженет и имам дете. Сега сум помирен. Порано мислев дека поентата е во облеката, и автомобилите. Но, сега ништо од тоа не е за мене. Моето мало девојче ме спушти на земја “, изјавил Роби.
Погледнете го видеото како Роби и пее на својата сопруга додека се пораѓа.
Роби им се заблагодарил на фановите кои го следеле внимателно породувањето на неговиот профил. Овој 40-годишен пејач се ожени со Аида во 2010
Пронајдете не на следниве мрежи:



