Видео прокеција на плакати и илустрации на светски познатиот Мирко Илиќ во Концепт 37

Во рамките на фестивалот „Скопје постер фестивал“ во сабота со почеток од 21 часот посетителите на арт-кафето „Концепт 37“ ќе имаат можност преку видео порекции да се запонзнаат со делата на Илиќ. Во рамките на шестиот по ред „Скопје Постер фестивал“, кој се одржува од 18 октомври до 15 ноември во Скопје, посетителите на арт-кафето „Концепт 37“ ќе имаат ретка можност да ги проследат преку видео проекции, плакатите и илустрациите на светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ, кои ќе бидат еден вид загревање и најава на неговата голема изложба која ќе се случи на 4-ти ноември во МКЦ.
Мирко Илиќ е воедно и овогодишен претседател на жирито  на „Скопје постер фестивал“ и ќе има задача од 1920 пристигнати плакати, традиционално да избере 3 најдобри решенија и 7 почесни. Тој е култен дизајнер кој доаѓа од екс-ју просторите и има свое дизајнерско студио во Њујорк. Во 1991 година, Илиќ станува уметнички директор на меѓународното издание на магазинот Times, а веќе следната година и уметнички директор на  Оп – Ед страниците на  New York Times.
Во рамките на „Скопје Постер фестивал“  на 5 ноември со пoчеток во 14 часот тој ќе има и свое предавања кое ќе биде отворено за сите посетители и љубители на дизајнот. Додека од 15 часот, истиот ден дружењето ќе продолжи во „Концепт 37“ каде во поопуштена атмосфера посетителите ќе можат да поразговараат  со Илиќ.
Целосната програма на фестивалот можете да ја погледнетена www.skopjeposter.com. Во рамките на шестиот по ред „Скопје Постер фестивал“, кој се одржува од 18 октомври до 15 ноември во Скопје, посетителите на арт-кафет

Пронајдете не на следниве мрежи: