Видео: Рекламата на Амазон која го преплаши гигантот Епл

Постариот потпретседател на маркетингот во Епл, Фил Шилерна на 22-ри ноември 2010 година испрати меил до највисокото раководство на компанијата. Всушност тој ја видел новата реклама на Амазон, после чие гледање и не бил баш среќен.Шилер после рекламата веднаш им испратил меилови на Стив Џобс, Еди Кју, кои ги водат интернет сервисите на компанијата Апл, исто така тој испратил и меил до Грег Јосвиак, потпретседател на маркетингот.
Во меилот било напишано:
“Сега ја видов новата реклаа за “Kindle” апликацијата. Рекламата започнува со жена која користи iPhone и купува нова “Kindle” апликација и потоа со нејзина помош започнува да чита книга. Потоа таа се префрла на Андроид, и на него може да ги чита сите свои книги. Иако главната порака на оваа реклама е тоа дека оваа апликација може да се користи на различни платформи, тука е и пораката која не смееме да ја игнорираме – многу е лесно да се префрли од Апл, на Андроид. Не беше забавно додека го гледав ова”.
Стив Џобс, одговори на мејлот после само неколку часа:

 

“Што предложуваш да направиме? Првиот чекор би можел да биде, да побараме од компанијата да го користат само нашиот систем. Какви се вашите мислења?”
Неколку месеци после испраќањето на повратниот мејл од страна на Стив Џобс, Апл одлучи да им ја отежне работата на Амазон, барајќи им 30% од заработката од продажбата на “Kindle” апликацијата за iOS. Амазон, одлучил да ја напушти продажбата на оваа апликација преку сервисите на Апл. Наместо тоа, корисниците сега мораат да ја купат книгата на интернет, а потоа таа се испраќа кон апликацијата. Иако сега процесот е повеќе комплициран, тоа не наштети на самата продажба.
Скоро секоја апликација за iOS е исто така достапна и на Андроид. Луѓето се повеќе користат сервиси како што се Netflix и Spotify, кои работат на сите платформи. Овие апликации ја намалуваат моќта на iTunes, како и моќта на системот на Апл. Апл на ова се спротистави со изјавата дека Апл го поседува најголемото задоволство на корисниците кога во прашање се смартфоните.
Погледнете ја рекламата која ја крена цела компанија на нозе:

 

Извор: Think.mkШилер после рекламата веднаш им исп

Пронајдете не на следниве мрежи: