четврток, 26 ноември 2026
Најново

ВИДЕО: Шабан ѝ рече на натпреварувачка да ослабне, ова е нејзината реакција!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во последната емисија на шоуто „Пинкови ѕвезди“, гледачите ги изненади коментарот кој Шабан Шаулиќ го упати на една натпреварувачка.Младата Анастазија Митровиќ ги импресионираше Дара Бубамара, Драгана Мирковиќ и Зорица Брунцлик со талентот, а иако Шабан бил задоволен од пеењето на натпреварувачката, тој ѝ замерил што има вишок килограми.
„Мораш малку да ослабнеш. Мораш поради себе. Дали имаш дечко? Имаш? И тој мора да ти каже малку да се истенчиш, но сакаш да јадеш“ – се насмеал Шабан, а Александра Радовиќ ја советувала да не се грижи поради вишокот килограми.
„Многу си убава и ми се допаѓа како изгледаш, но сакам да кажам дека најпопуларните жени на светот гордо се носат со вишокот килограми“ – рекла поп пејачката.
Сепак, Анастазија не му се налутила на Шабан и изјавила дека ќе го послуша неговиот совет.
„Го послушав Шабан и знам дека добро ми посакува. Почнав да тренирам по таа емисија и се надевам дека првите резултати ќе бидат видливи во наредната емисија кога ќе пеам. На самиот почеток сум, но имам силна волја да ги намалам килограмите“ – рекла Анастазија Митровиќ.Младата Анастазија Митровиќ ги импресионираше Дара Бубамара, Драгана Мирковиќ и Зорица Брунцлик со талентот, а иако Шабан бил задоволен од пеењето

Поврзани вести