Видео: Се разбудила и почнала да зборува на Кинески јазик

Станува збор за т.н. синдром на странски акцент, нарушување толку ретко така што во периодот од 1941. до 2012. година е забележан и потврден само 61 случај.Англичанката Сара Колвил (38) од Плимут, која на 6. март 2010. година заспала по силен напад на мигрена, утредента се разбудила и открила дека акцентот својствен за нејзиниот роден крај, со кој дотогаш зборувала англиски, го заменил – кинески акцент.
Станува збор за т.н. синдром на странски акцент, нарушување толку ретко така што во периодот од 1941. до 2012. година е забележан и потврден само 61 случај.
Она што засега се знае за ова нарушување е дека тоа е поврзано со главоболки, а Сара и до 10 пати месечно има силни мигрени, против кои медицината била немоќна.
Откако тоа и се случило во 2010. година, Колвил максимално се труди да го поврати својот стар акцент, но и покрај сите напори резултатите се слаби, а лекарите се збунети пред овој проблем.
Освен тоа, ова нарушување претставува своевидно невролошко оштетување на мозокот, а како животот со него изгледа, може да се види во новиот документарен филм на телевизијата Би-Би-Си, „Жената која се разбуди како Кинез“.
Сара Колвил се обидува да ја долови целата непријатност која и го причинува сопствениот глас и акцент, кој го доживува како туѓ и во несклад со средината во која живее.
Најмногу ја нервира фактот што луѓето кои ги среќава редовно ја сметаат за странец и се обидуваат да погодат од каде е, иако целиот живот го поминала и се уште живее во Плимут, својот роден град.
 Англичанката Сара Колвил (38) од Плимут, која на 6. март 2010. година заспала по силен напад на мигрена, утредента се разбудила и открила дека акце

Пронајдете не на следниве мрежи: