ВИДЕО: Северна Ирска со АВТОГОЛ го испрати Велс во четвртфинале

Репрезентацијата на Велс е вториот четвртфиналист на Европското првенство во Франција, откако минимално во 1/8-финалето ја совладаа Северна Ирска.После Полска, која беше подобра од Швајцарија на пенали, пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на стариот континент обезбеди и Велс.
Единствениот погодок на натпреварот беше автоголот на Герет Мекоули во 75. минута.
Гледавме прилично досадно и несодржајно прво полувреме во островското дерби, освен двете добри интервенции на велшкиот голман Хенеси, кој ги одбрани незгодните удари на Далас и Ворд, како и голот на Ремзи, поништен поради офсајд, друго ништо посебно не се случуваше во првите 45 минути.
Велшаните, кои ја имаа улогата на фаворит, немаа ниту еден удар во рамките на голот во првиот дел.
Во второто полувреме репрезентативците на Велс беа значително поангажирани, а првото поголемо возбудување пред голот на Северна Ирска беше обидот со глава на Сем Вокс, кој заврши само покрај голот.
Герет Бејл имаше солидна шанса од слободен удар од негова позиција, одлично шутираше преку живиот ѕид, но Мекговран со извонредна парада покажа дека е еден од најдобрите голмани на ова првенство.
Иницијативата на Велс конешно се исплатеше во 75. минута, кога Бејл се проби по левата страна, упати удар кон петерецот, а Гарет Мекоули несмасно интервенираше и ја испрати топката во својата мрежа, за водство и конечни 1-0 за Велшаните.
Во последните 15 минути немаше некои посебни шанси, Велс ја сочува предноста и се пласираше во четвртфиналето каде ќе играат против победникот од утрешниот дуел меѓу Унгарија и Белгија.
После Полска, која беше подобра од Швајцарија на пенали, пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на стариот континент обезбеди и Велс.
Е

Пронајдете не на следниве мрежи: