сабота, 28 ноември 2026
Најново

Видео: Слушнете ја најемотивната балада „Молитва“ на Давид Темелков!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со најемотивната македонска балада, Давид Темелков ја започнува својата музичка кариера.Давид Темелков е ново лице на македонската музичка сцена, тој својата кариера ја започнува со емотивна балада која никого нема да остави рамнодушен.
Песната „Молитва“ е комплетно авторско дело на Андреј Миске и неговата Miskebeat Production, чиј ексклузивец е токму Давид Темелков.
– „Се се случи толку спонтано, но и премногу брзо. За еден ден снимивме речиси се, искрено многу сум задоволен од тоа колку добар производ излезе на крајот. Сакам да се заблагодарам до Miskebeat продукција и Андреј Миске, направивме прекрасна песна која верувам дека никого нема да остави рамнодушен“, вели Темелков.
Давид Темелков веќе две години активно работи во Македонска Опера и Балет, најпрво како волонтер, а потоа хонорарно. Темелков е студент на Музичката Академија во Скопје на отсек соло пеење. Во слободно време Давид работи и како личен фитнес тренер.

Слушнете ја „Молитва“ на Давид:

 
Давид Темелков е ново лице на македонската музичка сцена, тој својата кариера ја започнува со емотивна балада која никого нема да остави рамнодушен

Поврзани вести