Видео: Со 400 коњски сили, ова е првиот електричен Јагуар!

Британскиот производител на електрични автомобили Јагуар го претстави новиот електричен автомобил.Британскиот производител на луксузни автомобили Јагуар со својот нов модел на автомобил го најави влезот во автомобилската иднина, откривајќи го својот прв електричен автомобил со концепт I-Pace.
Настанот се одржа во Холивуд, а на црвениот тепих присуствуваа многу познати личности, како моделот Миранда Кер, водителот Џејмс Корден и многу други.
„Јагуарот е многу софистициран, безвременски е елегантен и ненадминат автомобил. Кога го возам сум сигурна. Возењето во Јагуар е многу удобно. Поседувам Јагуар“, откри Кер.
Се работи за електричен автомобил: Додека надворешниот дизајн и понатаму е сличен, технологијата и полнењето на батериите се сосем нови.
„Ние од дизајн и инженеринг, мислевме дека Јагуар мора да има електричен автомобил, бидејќи тоа е иднина до која треба да се држиме. Имаме многу динамичен дизајнерски тим, кој е многу амбициозен, размислувавме како да го унапредиме автомобилот за иднината, и помисливме дека ова е единствен начин да го направиме тоа. Значи, ние го направивме тоа“, изјавува Иан Калум, директор на дизајнерскиот тим Јагуар.
Со 400 коњски сили, Јагуар I-Pace ќе биде пуштен во продажба во 2018 година.
Британскиот производител на луксузни автомобили Јагуар со својот нов модел на автомобил го најави влезот во автомобилската иднина, откривајќи го св

Пронајдете не на следниве мрежи: