Видео: Со кои ТВ серии е „заразен“ Обама?!

Ќе си речете дека Претседателот Барак Обама нема време за хоби, а не па да гледа телевизија. Но како секој од нас човекот од време на време наоѓа празно место во распоредот за да гледа добри серии.New York Times пишува дека Претседателот на САД сака квалитетни серии со одлична глума, секс, сместени во различни историски периоди и со политички малверзации. Неговите омилени серии се следните:
1. „Homeland“
Ова е една од првите ТВ серии за кои Обама изјави дека ги гледа. Тој е голем фан на „Homeland“, која прикажува дел од надворешно-политичките авантури кои му се познати и на него: тероризам, преговори со Иран за нуклеарно оружје, напади со дронови и агенција за интелигенција која се бори за легитимитет кај Конгресот и американскиот народ.

2. „Boardwalk Empire“
Серијата чие дејство е сместено во 20-тите години на минатиот век, поточно периодот на прохибицијата во САД, е исто така на листата на серии кои ги гледа Обама. Со Стив Бушеми во улога на ганстер и политичар, (и почетоците на Ал Капоне) криминалната драма има освоено бројни награди и одлични критики.

 
3. „Downton Abbey“
Уште една историска драма меѓу омилените на Претседателот на САД – оваа сместена во периодот на Првата Светска Војна во Англија. Серијата го прикажува животот на богатото благородничко семејство и нивните пријатели, а од друга страна го прикажува светот на нивните слуги.

4. „Mad Men“
Toa што меѓу омилените серии на Обама се наоѓаат дури три сместени во различни историски периоди, покажува дека политичарот е фан на приказни кои го покажуваат животот на луѓето во една друга ера. Дејството на „Мad Men“ е сместено во 60-тите години на минатиот век, и ги прикажува животот и работата на вработените во престижни маркетинг агенции, а се фокусира на исклучителниот карактер Дон Дрејпер. Обама има изјавено дека ликот на Пеги Олсен му помогнал да сфати како било во тоа време за неговата амбициозна баба, во свет доминиран од мажи.

5. „Breaking Bad“
Последниов период, кога Обама одмора во Белата Куќа гледа „Breaking Bad“  – наградуваната серија која раскажува за учител во средно школо што ќе изгради империја со дрога. Серијата заврши после пет сезони, но според New York Times, Обама сега ја догледува и постојано ги потсетува луѓето околу него да не му прават „спојлери“.
Но ова не се единствените серии кои ги гледа Обама – според New York Times, тој го гледа и политичкиот трилер „House of Cards“, средновековната фантазија „Game of Thrones“, како и исклучителната „The Wire“ , која ја има наречено „најдобрата серија на сите времиња“.
New York Times пишува дека Претседателот на САД сака квалитетни серии со одлична глума, секс, сместени во различни историски периоди и со политички

Пронајдете не на следниве мрежи: