Видео: Со новата песна „Можеш ли без мене“ Теа го најавува својот прв албум

Скопје (29.02.2016) Освен што 2016-та година е престапна и 29-ти февруари ќе го имаме дури за 4 години, специфичното за овој месец е тоа што тој започна и завршува со понеделник. Тоа значи дека оваа година во февруари имаме дури 5 понеделници, а вакво нешто ќе имаме дури за 28 години.Токму на овој несекојдневен понеделник младата пејачка Теа Трајковска на јавноста ѝ ја претставува својата нова песна „Можеш ли без мене“. Имено, овој нов сингл доаѓа по успешниот хит „Доста Глумиме“ со кој Теа минатата година ја освои наградата на МАРС, Ѕвезда што се раѓа.
„Можеш ли без мене“ е авторско дело на Теа Трајковска, која го напиша текстот на песната во соработка со Магдалена Цветковска Ена, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а мастерот на Раде Врчаковски Врчак.
„По повод овој несекојдневен датум јас решив на сите да им подарам една лична приказна преточена во песна и притоа да им посакам убав почеток на месецот март, кој започнува утре. Со „Можеш ли без мене“ го најавувам мојот прв албум кој треба да излезе до крајот на оваа година“, изјави Теа.
Видео записот за „Можеш ли без мене“ е во изработка и наскоро ќе се појави во јавноста.
Во продолжение слушнете ја новата песна:
 Токму на овој несекојдневен понеделник младата пејачка Теа Трајковска на јавноста ѝ ја претставува својата нова песна „Можеш ли без мене

Пронајдете не на следниве мрежи: