Видео: Спасов: Срамно е и жално СДСМ да наметне теза дека не се виновни за транзицијата

Loading...

Откако генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во дебата во Собрание говореше за таткото на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, поврзувајќи го со стечајот во „Треска“, тој возврати детално истакнувајќи ја кариерата на својот родител.- Здравко Спасов е вработен во интерна банка на „Треска“ во 1979-та година како референт за застапување. 1984-та станува раководител на интерна заедница, 1988-ма година е претседател на внатрешна арбитража, за во 1991-ва да отиде под стечај од „Треска ДОО“, заедно со уште 650 вработени во 1993-та. Со тоа како резултат на искуството во правната работа, доделено му е да биде директор на сектор, односно раководител на сектор за општи и правни работи се до 1995-та година. Кога владата предводена од СДСМ именува владин повереник да управува со капиталот во фабрика „Треска“ и на мојот родител Здравко Спасов, во тој момент му е понудено да биде генерален директор на фабриката. Истото го одбива, несакајќи да учествува во приватизацијата која е спроведувана 1995-1996-та година. Како награда за тоа, добива работна позиција на едно пониско ниво, односно раководител на одделение, односно раководител на правна служба.  Во 2003-та година е ставен за одговорен на подружницата во Белград само два месеци. Потоа оди на операција, го губи видот и повеќе не работи – рече министерот.

Спасов потсети дека во „Треска“ во 2005-та година, 850 вработени остануваат без работа, а во 2004-та од 500 до 600 лица стануваат невработени.
-Навистина е жално и срамно генералниот секретар на најголемата опозициска партија во Македонија да се обиде да наметне теза дека СДСМ не се криви за транзицијата и за приватизацијата, за затворањето и опустошувањето на 670 фабрики, оставањето на питачки стап на над 200.000 семејства во Македонија. Каде е вината? Сензација откривте. Раководител на сектор. Не е во ред, почитуван пратеник. Не е човечки и не е хумано. Несакајќи да зборувам за мојата семејна историја, сам ја наметнавте таа теза, еве ви одговор. Срамота е и жално. Немајќи аргументи да дадете поддршка за едно позитивно законско решение со кое ќе се решат 3000 стечајци во Република Македонија – заклучи министерот.
– Здравко Спасов е вработен во интерна банка на „Треска“ во 1979-та година како референт за застапување. 1984-та станува раководител на

loading...
Loading...