Видео што се криеше цели 16 години: „Истрчав до сепарето и видов крв на левото око на Жељко кое беше затворено. Забите му беа искршени…“

Поминаа 16 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, но јавноста понатаму ја интересира кој е вистинскиот одговорен за неговото убиство.Тој 15. јануари 2000. година пред хотелот „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале два автомобили. Од Опел Калибра излегле Драган Николиќ „Гаги“ и Милан Ѓуричиќ „Мики“ кои од претходно добро ѝ биле познати на полицијата. Од другото возило Фолксваген Голф излегол Зоран Николиќ „Пегла“, како и уште еден припадник на Втората чета од Првиот батаљон на полициската бригада „СУП“ од Белград, Доброслав Гавриќ.
„Пегла“ останал на паркингот, додека останатите тројца влегле во хотелот подготвени да го извршат тројното убиство. Пред влезот на хотелот имало голем метеж. Аркан седел на сепаре недалеку од рецепцијата. Во хотелот пристигнал со својата сопруга Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матеовиќ.
Додека сестрите во придружба на Матеовиќ шетале по околните бутици, Аркан со друштво седел во хотелот. Неколку минути после 17 часот им пришле Гаги и Мики. Се поздравиле со Аркан и тргнале кон скалите кои воделе кон хотелските сали. Гавиќ седнал на сепаре кое било на неколку метри позади сепарето на кое што седел Аркан. Неколку минути подоцна, Гавриќ станал од сепарето. Го извадил својот пиштол „ЦЗ 99“ и три куршуми испукал во Аркан.

На подот на хотелот „Интерконтинентал“ паѓале чаури, шаши и шишиња, а гостите легнале на подот обидувајќи се да се сокријат од пукотниците. Полицијата веднаш пристигнала на лице место, но не и итната помош. Цеца и Лидија плачејќи молеле за помош и го влечеле Аркан кон излезот на хотелот.
Цеца потоа се обидувала да наговори еден од полицајците со службено возило да го однесе Аркан во болница, но била одбиена затоа што тој немал дозвола за тоа од неговиот претпоставен. Конечно, Аркан со БМВ возило бил префрлен во Ургентниот центар, каде што бил прогласен за мртов.
Исповед на Цеца:
-Истрчав до сепарето и видов крв на левото око на Жељко кое беше затворено. Забите му беа искршени, а кога го задрмав почна да кашла и да плука крв од устата. Манда седеше до него и крвареше од окото и устата, а Гариќ лежеше до сепарето држејќи се за стомак. Во еден момент го слушнав Звонко Мареовиќ како вика „Спушти го пиштолот!“ Се свртев и видов маж во жолто-тегет јакна како го крева пиштолот од подот. И од тогаш никогаш повеќе не го видов, изјавила Цеца.
Тој 15. јануари 2000. година пред хотелот „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале два автомобили. Од Опел Калибра излегле Драган Н

Пронајдете не на следниве мрежи: