Видео: Судиите на X-Factor: „Сите кандидати не заслужија да стигнат до bootcamp-от“

Следуваат тешки одлуки на судиите! Најсуровата фаза на натпреварувањето „Bootcamp“ или „работен камп“ следува вечерва на малите екрани, а како што дознаваме ова ќе биде највозбудливата фаза досега.Судиите на Х – Фактор, после првата фаза ги чека тешка задача – од 133 кандидати да изберат само 24 кои ќе преминат во следната фаза.
Емина Јаховиќ по завршувањето на аудицијата искрено изјави:
– Во првите аудиции почесто им велевме ДА на кандидатите, бидејќи се уште не знаевме колку има уште подобри од нив, па малку се занесовме.
Додека пак Кики без двоумење изјави:
– Не заслужија сите да влезат во „bootcamp“
Кристина и Жељко исто така сметаат дека во некои од аудициите биле преблаги и свесни се за тежината на задачата која им следува.
Кристина: Имаше доста добри пејачи, нема да биде лесно, мораме да исфрлиме премногу луѓе, додека пак Жељко и овој пат беше остар:
– После се, за некои од кандидатите не знам како можеа да добијат 3 или 4 ДА, повторно ќе се состанеме и ќе ги преслушаме кандидатите. Не бараме само добар пејач, ние бараме нова музичка ѕвезда. – одлучно изјави Јоксимовиќ.

Какво беше во „bootcamp-от“  какви одлуки донесе жирито, кој плачеше, а кој се радуваше ќе дознаеме вечерва во новата епизода на Х – Фактор.Судиите на Х – Фактор, после првата фаза ги чека тешка задача – од 133 кандидати да изберат само 24 кои ќе преминат во следната фаза.

Пронајдете не на следниве мрежи: