Видео: Тајзи му посвети песна на прерано загинатиот другар Ѓешо

Кумановскиот рапер и пејач, Тајзи деновиве го снимаше видеоспотот за „Чувај ни га боже”, песна која ја напиша за својот трагично и прерано загинат другар од детството, Игор Ѓелиќ- Ѓешо.На денот на немилата случка, на едногодишниот помен на неговиот другар, Тајзи со многуте пријатели оддадоа почит за нивниот Ѓешо, со тоа што овој видеоспот ќе биде уште еден момент за негов вечен спомен.
Видеото за емотивната „Чувај ни га боже” се снимаше во Куманово и околината, кај стадионот на ФК Карпош од Куманово во кој Ѓешо има играно и на градските гробишта во Куманово, каде сега тој почива.

 За сите 3 дена додека се снимаше, за реализација на овој видеоспот, Куманово ја даде својата поддршка за да се памети нивниот млад, трагично загинат сограѓанин. Општината на Куманово, „Парма шпед“, пријателите и сограѓаните, фамилијата и сестрата на трагично загинатиот беа поддршка и дел од видеото за „Чувај ни га боже”.

На видеоспотот, кој треба да излезе за десетина дена, работеа Александар Пауновски како продуцент, Александар Ивановски –  организатор на снимање, Кристијан Теодоров како директор на фотографија, Бренсис беше задолжен за монтажа, а на сценариото и режијата на Дарко Манасијески- Желе.
Песната е дело на Тајзи и Роберт Билбилов како музички продуцент.
Слушнете ја песната на следната страна:
На денот на немилата случка, на едногодишниот помен на неговиот другар, Тајзи со многуте пријатели оддадоа почит за нивниот Ѓешо, со тоа што овој в

Пронајдете не на следниве мрежи: