Шведска оваа година важи за главен фаворит за победа, па останува да нагаѓаме дали станува збор за техничка грешка, или пак за саботажа на настапот на Сана Нилсен. Еден од рефлекторите на сцената не бил синхронизиран со останатите и постојано одел во спротивна насока за на крај да заврши во лицето на пејачката.Сношти се одржа генералната проба за првата полуфинална вечер на овогодинешната Евровизија. Снимката од оваа проба ќе биде дадена на жири комисиите во земјите кои гласаат во првата полуфинална вечер како би ги формирале своите гласови, кои имаат 50% удел во конечните гласови, заедно со оние 50% од телефонското гласање на публиката.
За време на настапот на Шведската претставничка Сана Нилсен се случи еден технички пропуст. Еден од рефлекторите кои беа поставени на сцената не беше синхронизиран со останатите и остави црна дамка на целокупниот настап.
Sweden's lighting fail (Dress Rehearsal) by EurovisionMemoriesGreece
Директорот на шведската делегација, Кристен Бјоркман, веќе испрати жалба до ЕБУ и побара на жири комисиите да им се прикаже снимка од друга проба на Сана каде настапот се одвива без проблеми. Неговата жалба била одбиена од ЕБУ, од каде сметаат дека тој мал технички пропуст не би можел да влијае на конечниот пласман на Шведска.
Загрижени за својот конечен пласман се и русите, кои ги претставуваат 17-годишните близначки Толмачеви. Нивниот менаџер, Филип Киркоров, смета дека поради актуелните случувања на релација Русија-Украина, близначките нема да се пласираат во финалето.Сношти се одржа генералната проба за првата полуфинална вечер на овогодинешната Евровизија. Снимката од оваа проба ќе биде дадена н



