Нашата претставничка на овогодинешното изданије на Евровизија сношти на фановите во Амстердам им ја отпеа евровизиската „To the Sky“Веќе 6 години по ред фановите на најпопуларното шоу во Европа се собираат на две големи предевровизиски журки. Првата се одржа вчера вечерта во Амстердам, а втората ќе се одржи за некое време во Лондон.
Нашата претставничка беше дел од пејачите кои сношти ги презентираа своите евровизиски песни за 2014 година пред публиката во Амстердам. Тијана со својот енергичен настап ја воодушеви публиката, а песната веќе од самото објавување при крајот на Февруари наиде на мошне позитивни критики од страна на фановите и новинарите кои ја следат Евровизија.
На концертот вчера Тијана се дружеше со претставниците на Ерменија, Црна Гора, Словенија, Украина, Велика Британија, Италија, Шпанија и многу други земји, а ќе настапи и на претстојната журка во Лондон, на нејзино огромно задоволство.
Евровизија оваа година ќе се одржи на 6ти, 8ми и 10ти Мај во Копенхаген, Данска а учество ќе земат 37 европски земји.Веќе 6 години по ред фановите на најпопуларното шоу во Европа се собираат на две големи предевровизиски журки. Првата се одржа вчера вечерта во Амс



