Видео: Убиени 30 исламисти и 8 цивили при воздушните напади на САД во Сирија

САД и сојузниците почнаа со силни воздушни напади врз позициите на Исламската држава, потврди ноќеска Пентагон. Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права,  најмалку 30 борци на Ал Каеда, од кои повеќето странци и осум цивили, меѓу кои една жена и три деца, се убиени во нападите во западниот дел на северната провинција Алепо, извршени истовремено со нападите врз групата Исламска држава во североисточниот дел на Сирија.Централната команда на вооружените сили на САД соопшти дека како резултат на нападите се уништени или оштетени повеќе цели на ИД во и околу градовите Рака, Дејр ал Зур, Ханака и Албу Камал на границата со Ирак.
Меѓу погодените цели на џихадистите се кампови за обука, финансиски центар, складишта на оружје, автомобили и штабот на ИД во градот Рака.

Од американските воени бродови во меѓународните води во Црвеното Море и северниот дел на Заливот се истрелани 47 ракети „Томахок“. Во операцијата се користени и авиони со далечинско управување и бомбардери.
„Би-Би-Си“ истакнува дека овие напади многу се разликуваат од тие во Ирак затоа што самите Ирачани ги повикаа Американците да интервенираат, додека Сирија тоа не го стори. Според тоа, САД овој пат без дозвола и договор извршиле напад на туѓа територија. 
ЦИА претпоставува дека Исламската држава има околу 31.000 борци.
Централната команда на вооружените сили на САД соопшти дека како резултат на нападите се уништени или оштетени повеќе цели на ИД во и околу градови

Пронајдете не на следниве мрежи: