ВИДЕО: Вооружени жени бранат мексикански град од картелите

Оваа недела, стотици жени од мексиканскиот град Халтиангуис, формираа своја сопствена организација за да го заштитат својот град од организираниот криминал. Жените ѝ припаѓаат на групата која се нарекува „Сојуз на луѓето и организациите на државата Гуереро“, или UPOEG.Според локалниот командант за самоодбрана на заедницата, Мигел Анхел Хименез, жените се групираат во различни тимови кои патролираат низ населби на Халтиангуис, кој е мал град што се наоѓа во близина на Акапулко.
Жените се добро обучени за ракување со огнено оружје, но за жал, во групата има само околу 80 пушки и тие треба да го делат меѓу членовите.
„Верувам дека штом луѓето ќе дознаат дека во акцијата учествуваат жени, ќе се обезбеди повеќе оружје“, рече Хименез.
Силвија Иполито е мајка на две деца и една од многуте жени кои неодамна се приклучија кон оваа доброволна организација за одбрана.
„Жените се храбри и ние сме способни да го одбраниме нашиот град“ , изјави Иполито за новинарите.
Ваквиот вид организации се формираат низ Мексико, бидејќи владата и локалните полициски сили не преземаат ништо за да ги заштитат жителите од криминалните активности.
Мексико во моментов се соочува со големи протести низ целата земја, посебно по случајот на масовното киднапирање и убиство на 43 студенти, за кое се смета дека се вмешани владата и криминалните организации.Според локалниот командант за самоодбрана на заедницата, Мигел Анхел Хименез, жените се групираат во различни тимови кои патролираат низ населби на

Пронајдете не на следниве мрежи: