Видео: Жена изврши напад врз Белата куќа и Конгресот

Loading...

Инцидент се случи синоќа пред Белата куќа и Капитон хил во Вашингтон. Жена која во својот автомобил имала и дете е предизвикувачот на инзицентите пред Белата куќа и Капитол хил, јавуваат светските медиуми. 
Таа со автомобилот се обидела да ја пробие блокадата пред Белата куќа. а потоа била бркана од полициски возила, каде што стигнала до Конгресот. 
Станува збор за Миријам Кери, 34-годишна забарка која имала душевни проблеми. 
Полицијата со огнено оружје ја погодила жената која починала на самото место, но од полицијата се уште не ја потврдуваат оваа информација.  
„Возилото го сопреле униформирани припадници на Тајната служба, по што автомобилот со голема брзина почнал да се оддалечува, минувајќи неколку семафори на црвено, а полицијата ја почнала потерата“, изјавил шефот на полицијата на Капитол хил Ким Дајн.

 
Како што пренесуваат Си-ен-ен и Ен-би-си, полицијата ја почнала потерата по возилото, а жената која го управувала автомобилот се упатила кон Капитол хил, каде што се обидела на сила да ја мине безбедносната бариера пред Конгресот, на што полицијата возвратила со оган.
Жената немала никакви документи, а автомобилот бил изнајмен. Во возилото не било пронајдено оружје.
Жена која во својот автомобил имала и дете е предизвикувачот на инзицентите пред Белата куќа и Капитол хил, јавуваат светските медиуми. 

loading...
Loading...