Видео/Фото: Вистинско фудбалско дерби, проследено со фантастична кореографија и еврогол

Големото дерби од Романскиот фудбалски шампионат меѓу екипите на Динамо и Стеауа сепак и покрај сите фантастични моменти остави и црна дамка, тоа е инцидентот што го предизвикаа навивачите.Натпреварот на „Националната Арена“ во Букурешт го следеа близу 30 000 гледачи.
Гостите водеа со 0-2, но Динамо Букурешт успеа само да го намали водството на гостите на 1-2, па така и заврши мечот.
Натпреварот покрај фантастичната кореографија, одличен погодок – еврогол од страна на Латовеличи, кој го постигна поведоносниот погодок, ни помалку ни повеќе, туку од 40-тина метри, гол што вреди да се погледне неколку пати.

Но, црна дамка остана инцидентот кој го предизвикаа навивачите.

На овој натпревар во почетниот состав на гостинот Стеауа се најде Даниел Георгиевски кој го одигра целиот меч за победоносната екипа која славеше со 1-2, додека пак кај домаќините на клупата за резервни играчи се најде Кристијан Наумовски.
Фото/Видео: digisport.roНатпреварот на „Националната Арена“ во Букурешт го следеа близу 30 000 гледачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: