Видео:И го пресекол гркланот пред учениците?!

Ладнокрвно убиство и тоа пред очите на учениците….Наставничката Тејлор, додека ги гледала учениците како играат во училишниот двор за време на попладневните часови, одеднаш позади неа, ја нападнал човек и притоа ја прободел со ладно оружје.
Стивен Браун (50) е ладнокрвниот убиец кој крвнички и го пресекол гркланот на Кели Тејлор (53), наставничка по основци, пред очите на своите ученици, соопшти полицијата. Браун од Лонг Бич, САД, татко на внука на жртвата, уапсен е за брутално убиство. Ножот е пронајден помеѓу местото на злосторството и трговскиот центар, каде Браун беше уапсен.
Кога учениците виделе што се случило, истрчале да пријават за случајот. Памела Хафман, сестрата на жртвата, истрчала веднаш кога дознала за несреќата. „Знаев дека нема да се извлече. Браун беше премногу вознемирен, бидејќи Кели го доби старатеството над неговите деца“, – изјави нејзината сестра.
Полицијата сеуште не го утврдила мотивот за злосторството, но продолжуваат со испитувањата.
 Наставничката Тејлор, додека ги гледала учениците како играат во училишниот двор за време на попладневните часови, оде

Пронајдете не на следниве мрежи: