Видови на мажи кои ретко се наоѓаат!

Во последно време ретко е да се најде “оној вистинскиот“. Но, можеби ви е потребно малку повеќе време за да го најдете, а откако ќе го направите тоа, задржете го покрај себе, бидејќи тој вреди!

Видови на мажи кои ретко се наоѓаат! фото: архива пулс24

1. Не е плиток
Овој маж бара многу повеќе од добар изглед. Тој ја забележува длабочината на жената, нејзината основа, како и сите делови од нејзиниот карактер. Секако, важно е физички да ве привлече одредена личност, но мажот кој не е плиток нема да ве заборави во истиот момент кога ќе налета на друга прекрасна девојка.

2. Директен е
Овој маж е навистина реткост. Тој е директен, па доколку му се допаѓате тоа веднаш ќе ви го признае. Исто така, ако веќе нема чувства кон вас, тој нема да го троши вашето време залудно и искрено ќе ви ја каже вистината. Директниот маж има силен карактер, висока самодоверба и ја цени искреноста повеќе од сè останато.

3. Го одржува својот збор
Доколку тој нешто ви вети, тогаш со сигурност и ќе го исполни истото. Жените многу лесно можат да забележат дали одреден маж го поседува или не овој квалитет. 

4. Го отвора и ви го нуди своето срце
Овој маж не се плаши од одбивање. Дури и да постои ризик од искреното изјавување на неговите емоции кон вас, тој едноставно не се грижи бидејќи неговото срце е како отворена книга. 

5. Тој ве гледа вистински
Овој маж секогаш ќе биде присутен во ваша близина. Тој внимателно ве набљудува, обидувајќи се да ве запознае во целост и активно учествува во вашите разговори. Тој секогаш ве слуша и ги цени сите оние нешта кои ве прават посебни во неговите очи. Неговата способност да ве види во вистинското светло е нешто што секоја жена би требало да знае како да го цени.1. Не е плиток
Овој маж бара многу повеќе од добар изглед. Тој ја забележува длабочината на жената, нејзината основа, како

Пронајдете не на следниве мрежи: