Виетнамскиот Тарзан 41 година живеел во џунглата: Сѐ започнало откако неговиот татко…

Хо Ван Ланг живеел 41 година среќно и здраво во виетнамската џунгла, немајќи претстава за современието.Пред три години, овој човек бил спасен од џунглата во која немал никаков контакт со други луѓе. Неговиот татко, воениот ветеран Хо Ван Тан, таму долетал во 1972 година година, кога американските трупи го бомбардирале неговото село и го убиле целото негово семејство.
Цело време верувал дека војната сè уште трае, па својот син Ланг наредните четири децении го одледувал во целосна отсеченост од цивилизацијата. Трагале по храна, се занимавале со лов и живееле во куќа на дрво, повлекувајќи се сè подлабоко во шумата. Приказната за необичниот тандем се ширела низ подрачјето, па за Ланг и Тан пред десетина години се заинтересирал Хо Ван Три, еден од останатите синови на Тан, кој сепак ги преживеал американските бомби, иако Тан сè до денес не верува во тоа.
Кога конечно ги пронашол своите татко и брат, почнал редовно да ги посетува, носејќи им зачини и убедувајќи ги дека треба да се вратат назад во селото, а кога на Тан му се влошила здравствената состојба, организирал ниво спасување.
Минатиот ноември, директорот на една туристичка агенција, Алваро Серезо, се сретнал со Ланг, планирајќи од него да дознае нешто за техниките за преживување, за на крајот да заврши живеејќи со Ланг пет дена на местото каде пораснал виетнамскиот Тарзан.Пред три години, овој човек бил спасен од џунглата во која немал никаков контакт со други луѓе. Неговиот татко, воениот ветеран Хо Ван Тан, таму до

Пронајдете не на следниве мрежи: