Викенд хороскоп за 05.10 – 06.10. 2013

Што ви предвидува хороскопот за викендов?!Овен
Овој викенд благодарение на вашата креативна енергија тргнувате во нови потфати. Тие се однесуваат на уметноста и љубовта. Затоа уживајте. Бидејќи на некои работи ставивте крај, на нов начин им пристапувате на проблемите. Имате влијание на околината, продолжете така.
Бик
Особено креативен и убав викенд. Во елемент сте и се занимавате со работите што ги сакате. Кога секогаш би можеле да владеете со себе, како што го правите тоа во овој момент, се ќе биде совршено. Причини за добро расположение има повеќе, на вас е да уживате.
Близнаци
Ќе сакате многу од плановите да ги спроведете на дело овој викенд, а притоа не сте свесни за своите можности. Тоа доведува до максимално исцрпување на нервите, а со тоа и до опасност од повреди. Внимавајте на исхраната, пијте повеќе течности и одморајте се.
Рак
Потрудете се да се дистанцирате од околината колку што може повеќе. Сите имаат проблеми, потрудете се цврсто да застанете на нозе и да го најдете најдоброто решение за нив. Од туѓите проблеми некогаш треба да се избега, особено доколку тие ве оптоваруваат.

 
Лав
Здрави сте и силни барем моментално. Тоа ви помага да вложите исклучителни напори за да го пребродите извесниот проблем. Мора да се приспособите на туѓите правила на игра, што вам нема тешко да ви падне.
Девица
Хиперактивен викенд кој ќе ви помогне да не мислите на здравствените проблеми, бидејќи без причина сте хипохондрични и исплашени. Младите припадници на знакот размислуваат за патување, а постарите се опседнати со здравјето.
Вага
Конечно, може да земете здив. Некои работи се искристализираа, па знаете на што сте. Доколку сте разумни, може од ситуацијата да извлечете максимум. Тоа посебно се однесува на партнерот со кого мора да го промените начинот на комуникација.
Скорпија
Инвестиравте во врската, но и во работата. Некои работи ги направивте толку брзоплето, па сега поради тоа се каете. Насочете се кон нови содржини, занимавајте се со уметност и ќе ја пребродите кризата, но и незадоволството.

 
Стрелец
Викендов е одличен за љубов, убаво се чувствувате. Кажете му ги на партнерот сите убави работи што ви лежат на срце. Надевајте се наскоро на големи промени, и тоа на подобро, но и на голема одговорност. Бидете подготвени на се.
Јарец
Доколку ситничарите и ги анализирате сите детали околу вас, незадоволството е неизбежно. Можеби треба да се здружите со Девица, па со заеднички сили да ги пребодите сите пречки. Зрелите припадници на знакот се во фаза на голема вљубеност.
Водолија
Задоволни сте и среќни, бидејќи го добивте сето она на што се надевавте. Уживајте во викендот  пред вас и потрудете се да бидете креативни. Планетите во се ве поддржуваат, затоа не плашете се да тргнете во акција, бидејќи на повидок е голем успех.
Риби
Ако немате проблеми, измислете ги. Така барем ќе живеете онака како што сакате со грижи и нервози. Неверојатна е вашата потреба за беспотребно да ги комплицирате работите. Но, ситуацијата за среќа на сите брзо ќе помине.Овен
Овој викенд благодарение на вашата креативна енергија тргну

Пронајдете не на следниве мрежи: