Викенд хороскоп за 09.07.- 10.07.2016

Викенд хороскоп за 09.07.- 10.07.2016Oвен
Не се откажувате од својата цел веќе подолго време. Имате јасен фокус за тоа што го сакате.Не се занимавате многу со емоциите во последно време па затоа не се ни очекува некое поголемо изненадување на овој план, особено ако сте во врска со Јарец. Проверете ја крвната слика.
Бик
Не се оптоварувајте со непотребни приказни овој пат бидејќи можете да добиете нешто повеќе за себе кога е во прашање работата. Вашето внимание е насочено кон одредена личност веќе некое време, и не се грижите за коментарите од околината туку си терате по свое. Проблеми со тироидната жлезда.
Близнаци
Доколку сте размислувале за проширување на работата не заборавајте дека одредени работи се комплицираат и дека е потребна доза на трпение.  Не се обидувајте да ги прикриете чувствата кон одредана личност бидејќи нема да успеете во тоа. Ви следи пријатно изненадување.

 
Рак
Доколку ви се отвори поле странство, прилагодете се на време. Доколку се борите за љубовта на еден Јарец ќе успеете во тоа. Не се оптоварувајте со неважни работи,туку водете се според срцето. Земајте повеќе витамини.
Лав
Сметајте на поголемо ангажирање на финансиски план. Не се откажувајте од идеите кои ги имате во глава што се однесуваат за работното место. Во одлично расположение сте кога е во прашање вашиот однос кон партнерот кој ве сака и почитува. Морате да останете доследни кон ветувањата кои сте му ги дале на партнерот.
Девица
Сакате многу работи да смените и нема да се откажете од целта која сте си ја поставиле пред себе одамна. Морате да бидете отворени кон своите колеги бидејќи од нив зависи и вашиот личен успех. На љубовен план не е се идеално, обидете се повеќе да се отворите кон партнерот.

 
Вага
Умеете да ја пренесете нервозата на останатите членови од својот колектив. Внимавајте како се однесувате кон луѓето во окружувањето. Имате многу работи да му изнакажете на партнерот, но сепак се одлучувате за пасивен став, без поголеми расправии. Здравје солидно.
Скорпија
Проширувањето на вашата работа е неминовно овој викенд. Вие сте во суштина отворен играч и не сакате ризик. Отворени сте кон партнерот и не се жалите на моменталните аспекти кои се однесуваат на вашиот емотивен сегмент. Во суштина сте во одлична состојба. Водете сметка за имунитетот.
Стрелец
Обидете се подобро да се вклопите во работното окружување, размислете на оваа тема деновиве. Не сте задоволни од ставот на партнерот и сакате многу повеќе емоции да ви покаже овој пат, но склони сте кон радикални промени. Вежбајте!

 
Јарец
Имавте многу енергија до пред некое време, а сега се чувствувате многу заморно. Некој со вас малку повеќе манипулирал на љубовен план. Ќе бидете многу внимателни кон некоја личност која ве набљудува. Одморете се.
Водолија
Работата ви е на прв план, бидејќи не сакате да повторите некои стари грешки поради кои би останале без пари в џеб. Викендов нема да бидете доволно емотивни и нема да се расфрлате со емовии иако тоа ќе го бара вашиот партнер од вас.
Риби
Не сте сами во работата која ја извршувате, а се однесувате така. Внимавајте некој да не ви замери. Имате шанса да се зближите со некој Рак, но само ако и вие тоа го сакате. Ќе бидете доволно исполнети и ништо нема да ви недостасува. Здравје – солидно. Oвен
Не се откажувате од својата цел веќе подолго време. Имате јасен фокус за тоа што го сакате.Не се зан

Пронајдете не на следниве мрежи: