Викенд хороскоп за 16.05- 17.05.2015

Викенд хороскоп за 16.05- 17.05.2015Овен
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да имате проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот-та. Финансиската состојба ќе се подобрува, но сепак вие мора повторно да штедите.
Бик
Под услов ако прифатите нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозата никаде не ве води. Ќе ја имате подршката од пријателите.
Близнаци
Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и паничење веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни.

Рак
Викендов ве очекува некоја заслужена награда или материјална добивка, како потврда за вашите професионални способности и влијанија. Партнерот се обидува да ве расположи на секој начин и да ги исполни вашите очекувања. Емотивното разбирање и заемното дополнување на љубовен план, претставува позитивен чекор на некои претходни случувања кои ве загрижувале.
Лав
Внимавајте околу одлуките  во вложување пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во љубовниот живот доживувате нова радост и ви годи блискоста и односот со партнерот. Понекогаш и малите нешта имаат големо значење , ако правилно ги вреднувате и ги разменувате со блиско лице.
Девица
Партнерот ќе се обидува да ги реши заедничките дилеми и ја очекува вашата емотивна поддршка. Се има смисла, ако постои заеднички договор, пристоен однос и добра волја. Не дозволувајте некој од страна да ви ја наруши семејната хармонија или љубовниот однос. Зачувајте го својот свет на интима само за блиските и драги луѓе.

Вага
Се однесувате како да сте најпаметни, најубави и најдобри. Има вистина во сево ова, но спуштете се на земја и анализирајте што реално се случува со вас. Постигнатите резултати најдобро зборуваат за вашите квалитети. Не го оптеретувајте партнерот со вашите проблеми, тој и така ги има преку глава. Слушнете ги неговите потреби и помогнете му.
Скорпија
Лошо стоите со љубовта. Ви се случуваат незгодни работи. Кус прекин би можел да ја спаси вашата долгогодишна љубовна врска. Претерано сте љубоморни, но не ги покажувате чувствата, па кавгите се неизбежни. Мора да се трудите и да дадете повеќе енергија за разрешување на ситуацијата.
Стрелец
Изминатите денови премногу лудувавте и се забавувавте. Е сега веќе немате енергија, па имате потреба од одмор. Кусиот одмор ви е во прв план. На љубовен план почнуваат да се случуваат нешта кои никому не би сакале да ги кажете. Пред вас е нова, страсна, но и опасна врска. Внимателно!

Јарец
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите.
Водолија
Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуставо ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора.
Риби
Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат поддршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислите ќе сфатите колку многу луѓе има на кои искрено сте им важни.
 Овен
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да имате проблеми, бидејќи не

Пронајдете не на следниве мрежи: