Викенд хороскоп за 18.04-15.04.2015

Уште еден викенд во месецот, што значи дека е време за нов викенд хороскоп. Откријте што подготвија ѕвездите овој пат за вас!Овен
Вниманието ќе ви биде насочено кон работата, но посебно кон некакви интелектуални напори на тој план. Можно е управување со материјални ресурси, односно пари на други луѓе, било да ви е тоа работен ангажман или приватна ангажираност. Обрнете внимание на здравствената состојба.
Бик
Можни се добивки на потрошни материјални нешта преку партнерот. Неоспорни се чувствата кон партнерот, иако во суштина се малку повеќе поседнички од потребното, ако воопшто има место за такви потреби. Но, насоката на интересите кон партнерството може да има и други, негативни насоки во зависност од вашите лични намери.
Близнаци
Можно е дека ќе се остварите во некаква мануелна активност повеќе отколку воинтелектуалната, иако ќе имате потреби и од такви интелектуални манифестации. Мануелното кај вас може да е изразено и вообичаено сте многу вешти во поправките низ домот ако сте расположени за тоа. Всушност, работоспособноста може да ви биде во подем и да не можете да седите ни момент без работа. Можни се здравствени акутни проблеми.

Рак
Во наредниот период може да дојдете во доста специфични и деликатни ситуации на некаква мистериозност и конспирации во врска со вашите партнерства, било да се работи за некаква тајна врска од било кој вид. Но, може да ескалираат и некакви стравови во врска со врзувањето партнерство или љубовта. Можности за запознавање на личност од спротивниот пол преку некоја ваша блиска личност.
Лав
Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот од страна на едниот родител. Ова може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте, може да биде исклучително силна. Можни се и друг вид на случув. Пријателите ќе ви се најдат со совет или конкретна помош.
Девица
Ќе имате изразити тенденции кон интелектуална работа, напори и креативност, но и можности да ги подобрите односите со блиските. Најпрво се мисли на личностите во сродство до прво колено, но и до некакви многу куси патувања со нив или поради нив. Искористете го викендот за одмор.

Вага
Викендов ќе пронајдете начин како да си ги зголемите приходите и заработката. Но, ова не важи за оние кои се во постојани стравови за пари или ситуации во врска со нив. Освен тоа, ви претстои векнд во кој ќе треба да се потрудите да им обрнете повеќе внимание на најблиските.
Скорпија
Викендов ќе ви биде изразена желбата на некаков начин да си ги искажете или уште повеќе покажете ставовите за одредени прашања кои ќе бидат предизвикани и од реалноста, но и од ситуациите во животот. Ваквите нешта најчесто нема да бидат лични, но сепак ќе ве тангираат.
Стрелец
Можеби ќе бидете вистинската личност која работи зад сцената, која ги организира работите и ги поставува во ред пред да бидат достапни на увид на поширокиот круг на луѓе. Освен тоа, можни се несогласувања со партнерот или со некоја личност од блискиот круг на пријатели. Затоа, обидете се да го контролирате карактерот овој викенд.

Јарец
Пријателствата ќе ви бидат многу важни викендов и ќе ги користите во секоја прилика. Можност за патување. Најголемиот дел од времето сепак ќе настојувате да планирате во врска со работата. Сепак, обидете се да се опуштите.
Водолија
Ѕвездите не можат да го сторат она што вие не сте го сториле или не сте сакале од непознати причини тоа да го сторите. Но, внимавајте и на своите чувства кои можете многу лесно да ги врзете со некого кој е во истото работно опкружување. Затоа, потрудете се викендов да ги оттргнете мислите од овие нешта и поминете повеќе време со пријателите.
Риби
Можни се нови контакти со луѓе. Периодов сте поемотивни од вообичаеното,  со оглед на финансиката состојба и оправдано е вашето однесување до некој степен. Доколку сте во врска, дозволете викендов партнерот да ве разгали и дозволете љубовта да ве понесе. За оние слободните се препорачува да земат здив и да се релаксираат.Овен
Вниманието ќе ви биде насочено кон работата, но посебно кон некакви интелектуални напори на тој план. Можно е управув

Пронајдете не на следниве мрежи: