Викенд хороскоп за 23.05-24.05.2015

Прочитајте што ви е запишано во ѕвездите за овој викенд.Овен
Особено сте чувствителни и ако омилената личност од вашата близина не ви ја даде очекуваната утеха и поддршка, постои ризик да го истурите гневот врз неа. Споделете сѐ што чувствувате и не очекувајте другата страна да погодува што ви треба. Добар гест од ваша страна може да направи вистинско чудо.
Бик
Бидете внимателни во комуникацијата и водењето разговори. Постои ризик другата страна да не го разбере правилно она што сакате да го кажете. Не сфаќајте го ова премногу лично – вината не е ниту ваша, ниту на другата страна, туку станува збор само за недоразбирање во комуникацијата.
Близнаци
Постои можност да решите некакви финансиски проблеми. Можеби се поврзани со банка или некоја друга институција, но тие може да влијаат на семејниот буџет или бизнис. Воздржете се при потпишање на нови договори во кои се наведуваат финансиски услови.

Рак
Бидете внимателни во односите со партнерот. Склони сте кон манифестирање на љубомора и кон неосновани обвинувања. Не правете од мравка слон и не дозволувајте да ве совладаат сопствените стравови, за да не жалите подоцна за пропуштените шанси.
Лав
Дајте си повеќе одмор, особено ако се чувствувате изморено или не сте во добро расположение. Викендов може да најдете утеха во некакво хоби или во друштво на саканата личност којашто целосно ве поддржува,
Девица
Обрнете внимание на пријателите. Ако нешто ви мачи, тие може да ви ја понудат потребната емоционална поддршка. Споделете ги искрено чувствата и дозволете им на блиските да се грижат за вас.

Вага
Емоциите продолжуваат да владеат со вас и лесно избувнувате. Не обидувајте се да ги сокриете во себе, па обидете се да го пронајдете вистинскиот начин да ги изразите и да се ослободите од нив. Не правете компромис, доколку потоа се чувствувате лошо.
Скорпија
Бидете особено внимателни во комуницирањето. Ако периодов настане проблем во односите со партнерот или нешто ви тежи, прозборете искрено за тоа. Емоциите ви се силни, ќе бидете лесно ранливи, но, ако успеете да ги искажете и најдлабоките чувства, постои шанса да направите односот со саканата личност да биде постабилен.
Стрелец
Погоден период да се ослободите од нешто старо, вклучувајќи ги и потиснатите емоции кои го загадуваат вашиот душевен свет. Расчистете го работното место од непотребните работи и размислете кои проблеми треба да се решат.

Јарец
Одлични денови за романтична средба. Настроени сте кон љубовниот бран и лесно ги споделувате вашите чувства. Во работата ви се отвораат нови можности за докажување – размислете добро и не дозволувајте да ве запрат грижи и стравови. Разговарајте за вашите идеи со вашиот партнер или личност чие мислење навистина го цените.
Водолија
Довршете ги задачи кои сте ги одложувале, но во никој случај не претерувајте со работата. Ако почувствувате дека физички или психички сте уморни, штедете ги силите и завршете го денот порелаксирано – во друштво на најблиските или со добра книга во рака.
Риби
Сакате да ги споделите вашите чувства и желби со пријателите или со луѓе кои нешто ви значат. Нема гаранција дека ќе добиете разбирање од сите. Темата за парите ќе ви биде главна преокупација и не е исклучена можноста токму во разговор со некој пријател или колега, да ви дојде идеја како да ја подобрите вашата финансиска состојба.Овен
Особено сте чувствителни и ако омилената личност од вашата близина не ви ја даде очекуваната утеха и поддршка, постои

Пронајдете не на следниве мрежи: