Викенд хороскоп за 25.04-26.04.2015

Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за овој викенд.Овен
Овој викенд ќе биде идеален за вас, посебно ако во план ви се љубовта и романтиката. Ќе бидете прилично емотивни и ќе имате потреба за потврда на вашата вредност од страна на оние лица кои се важни на вас. Сѐ ќе биде како што треба, затоа опуштете се.
Бик
Oвој викенд би можело да дојде до одредена промена во вашиот дом. Тоа е позитивно за вас, иако ви се чини дека сте оптеретени со сето што ви се случува. Веројатно би требало да направите некакво преуредување за сѐ да биде како што треба. Намалете ја нервозата.
Близнаци
Што и да правите, најдобро ќе го правите до вас има некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на празничниот период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

Рак
Овов викенд ќе биде за вас и за оние кои ве познаваат. Речиси сѐ што ќе почнете, успешно ќе завршувате. Внимавајте некои злобни луѓе кои ви завидуваат да не ви го украдат она што вам ви припаѓа. Бидете сигурни во она што навистина го имате. Внимавајте на финансиите.
Лав
Може да одлучите да ѝ се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно, туку обично средување на документите, кои сепак некогаш мора да се средат. На крајот од викендот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски, ќе имате многу време за работите кои ве интересираат.
Девица
Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Викендов помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за прилагодување кон новонастанатите ситуации.

Вага
Личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики. Размислувајте на креативен начин.
Скорпија
Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склучувањето на нови познанства.
Стрелец
Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни со финансиите.

Јарец
Потрудете се да се докажете во работата. Оние кои не преземаат ништо, најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за промена на професијата. Најдобро од сѐ е тоа што сте свесни за своите способности.
Водолија
Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле и работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми.
Риби
Ќе бидете експерти за хармонична комуникација и убедување. Никој нема да може да ве одбие, па искористете го тоа најдобро што можете. Ќе бидете центар на друштвото и во следните четири недели ниту една забава нема да биде комплетна без вашето присуство.Овен
Овој викенд ќе биде идеален за вас, посебно ако во план ви се љубовта и романтиката. Ќе бидете прилично емотивни и ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: