Викенд понудата на Бит фест: Ирски танци, Памперси, Сузана Турунџиева, Новоградска и The Goverment

Битолската публика со воодушевување и љубопитство ја проследи во саботата вечерта, одлучната и моќна изведба на ирскиот танц.Селтик Ритам e група која негува ирски танци, со најдолга традиција на Балканот. Таа е основана во 2002 година од страна кореографот и професионалниот танчер Марко Мичиќ од Панчево. Мичиќ како соло танчер е добитник на златен и сребрен медал на националните првенства во 2009 и 2010 година, настапува на светски фестивали и има одлична соработка со сите бендови кои професионално се занимаваат со ирска музика во Србија. Инаку во Битола е втор пат, 2009 година настапи на Интерфест. Од декември 2011 година, Селтик Ритам е член на Coimisiún ле Rince Gaelach. За Битолчани, на Широк Сокак, во рамките на БИТ ФЕСТ и нивните омилени „Памперси“, кои веќе подолг период се препознатлив и белег и бренд на Битола. А, пред публиката на БИТ ФЕСТ синоќа и Сузана Турунџиева, со концерт насловен „Незаборавна музика“, а со свој концерт и „Новоградска и The Government“.
Викендов со свои активности насловени „Денови на Ростковски“ и Македонското рускоздружение за пријателство и соработка, филмскиот фестивал „SEE a Paris“ и изложба на градска мода на албанската жена во конзулскот период на Битола. Како организатор се појавува здружението ''22 Ноември'', а беше претставена облека на жената – албанка, во времето на конзулска Битола. На изложените експонати, можеа да се забележат од византиско ориентално, до влијанието на илирската култура. Фустаните се рачна изработка, шиени од страна на, во тоа време, познати шнајдери. Стилот на изработката е модерен и елегантен, што е одраз на градскиот живот во тоа време. Вечерва на БИТ ФЕСТ, во просторот на Магазата, во 21.00 часот, Дуо гитара – Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ од Црна Гора.Селтик Ритам e група која негува ирски танци, со најдолга традиција на Балканот. Таа е основана во 2002 година од страна кореографот и пр

Пронајдете не на следниве мрежи: