Викендов на Skopje Design Week: Работилници за деца, за возрасни и маркетинг примери од школа за дизајн

Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје, влегува во завршната фаза. Пред доделувањето на наградите на 27 ноември, во 19 часот, викендов (26 и 27 ноември) следува богата програма со презентации и работилници за дизајнерите, работилници за децата и, секако, одлична вечерна музичка програма.Претпладневната викенд програмата ќе биде исполнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма за игра и создавање на нови детски изуми и инсталации. Тематиката на работилница е слободно изразување на креативноста на децата без какви било ограничувања и правила. Оваа работилница ќе има две групи за различна возраст. Првата група е за деца од 4 и 5 години, а втората група за деца од 6, 7 и 8 години. Работилницата „Магијата на абакусот“ има програма која е прилагодена и за деца од предучилишна и училишна возраст, додека работилницата за илустрации е за деца од 7 до 12 години. Со работилницата „Фабрика за игри“ ќе раководи Јулија Ѓорѓевиќ, учителка за детски изуми и инсталации, „Магијата на абакусот“ е работилница со тренери од „Бреинобреин“, додека со „Илустрации“ ќе раководи Ина Михајлова.
Презентациите во текот на викендот ќе бидат фокусирани на здравата храна и на „Форми“, едукативна, рекреативна, но пред сè, забавна играчка.
Презентарката Софија Шутова од компанијата „Seed of Life“, која се занимава со производство на здрава храна, на 26 ноември, во 15 часот, ќе објасни како треба да се пристапи во дизајнирањето на бренд за храна, и тоа од идеа до продукт за конзумирање.
„Форми“ е македонски бренд, кој за првпат се појави на нашиот пазар на почетокот на 2016 година, а сега веќе се насочува и кон меѓународен пласман преку овозможување на онлајн-продажба на својата интернет-страница. „Форми“ е едукативна, рекреативна, но, пред сè, забавна играчка. Малите магнетни топчиња нудат безброј можности за креирање на едноставни и комплексни 3Д-конструкции, каде единствената граница е фантазијата. Користењето на „Форми“ од една страна го поттикнува логичкото размислување и интуитивната перцепција, а од друга неизбежно ја буди креативноста. Уште еден важен аспект е можноста за канализирање на стресот на позитивен начин, но и продуктивно „убивање“ на досадата.
Иновативен пристап во решавањето на дизајнерските проблеми со акцент на креативноста и на разбирањето на потребите на клиентите ќе открие работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“, на 26 ноември, во 13 часот, со менторите Драгана Нешовска и Иван Зографски од „Solveo“. Истиот ден во 17 часот ќе се одржи и работилницата „Дизајн низ искуство“, со која ќе раководат Ива Илиевска и Елена Героска од Центарот за едукација и развој на „Сеавус“.
Завршна работилница на Недела на дизајнот ќе биде „Маркетиншки примери инспирирани од Школа за дизајн“, која ќе се одржи на 27 ноември, со почеток во 11 часот, а со која ќе раководи Димитар Попов од „Reborn“ и ќе ги пренесе искуствата за дизајнирање на маркетиншките материјали кои ќе придонесат за полесна продажба на одредени бренд-производи.
Во музичката програма ќе ги слушнеме младата белградска група „Dingospo Dali“ на 26 ноември, а истовремено ќе се одржи и рап-натпреварот „Beatrix Dance League“. Вечерта на затворањето на фестивалот, на 27 ноември, ќе настапи диџеј Master Flow од Суботица.
„Dingospo Dali“ е релативно млада белградска група, но се наоѓаат во својата најдобра свиречка и креативна форма досега. Велат дека сега е најдобриот момент за првпат да дојдат во Скопје. До лани не ни помислувале да настапат надвор од Белград, но сега нивните апетити се пораснати и ја користат секоја можност својата музика да ја претставата пред друга публика. Нивниот прв албум е снимен и се наоѓа во фаза на продукција, додека креативно се насочени кон второто остварување. На концертот во Скопје планираат да свират теми од првиот албум, но и нови песни, иако целиот нивни репертоар е нов за скопјани.
Во однос на прашањето за еклектиката, односно мешањето на жанровите како процес во музиката велат: „Мешањето на жанровите е природен процес низ кој минува музиката, а всушност, и секогаш минувала, бидејќи на тој начин се создавале нови жанрови. Да се биде затворен во рамките на одреден жанр во 21-от век е малку непотребно и малку залудно за нас, односно почетните влијанија секогаш постојат, но во суштина секогаш треба да се тежнее кон оригиналната форма и израз, бидејќи музиката треба постојано да се шири и развива“, велат од „Dingospo Dali“.Претпладневната викенд програмата ќе биде исполнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма з

Пронајдете не на следниве мрежи: