Вимблдон од 2017 ќе го гледаме на Еуроспорт

Еуроспорт и организаторот на Вимбелдон тенискиот турнир (All England Club), објавија проширување на партнерството со кое Еуроспорт ги осигурува правата за пренос на сите мечеви на турнирот во живо во дополнителни 16 земји.Еуроспорт така ги пренесува сите четири Гренд Слем турнири- Вимблдон, Аустралиан Опен, Ролан Гарос и УС Опен- во 25 европски земји со што ја потврдува позицијата на најдобра спортска дестинација. Со овој договор Еуроспорт значително ги проширува своите права ако се земе во предвид дека до 2014 не го пренесуваше Вимблдон, а во 2015 го пренесуваше во Белгија.
Тригодишниот договор вклучува ексклузивни pay-TV и дигитални права за турнирите од 2017 до 2019. Како дел од договорот по кој се осигуруваат права за пренос на 16 дополнителни пазари, Вимблдон за прв пат ќе се пренесува и во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија. Еуроспорт од 2017 на своите канали и платформата Eurosport Player, ќе ги пренесува сите мечеви од турнирот.
До почетокот на Вимблдон во 2017 се очекува и дополнување со нови пазари.
Питер Хатон, главниот и извршен директор на Еуроспорт, изјави:
„Проширувањето на договорот со Вимбелдон обезбеди пренос на сите четири Гренд Слем турнири во 25 земји и е потврда за Еуроспорт како централно место на Гренд Слем турнирите во Европа. Градиме долгорочно партнерство со All England Club, кој ја подржува Еуроспорт стратегијата за обезбедување премиум содржини и достапност на истите за љубителите на спортот на секакви уреди“.
Фановите во тенисот ќе може да уживаат на телевизија како и да ја следат секоја минута на теренот со Eurosport Player.Еуроспорт така ги пренесува сите четири Гренд Слем турнири- Вимблдон, Аустралиан Опен, Ролан Гарос и УС Опен- во 25 европски земји со што ја потврд

Пронајдете не на следниве мрежи: